Се ожени канадскиот пејач Џастин Бибер


Пејачот Џастин Бибер и моделот Хејли Болдвин со објава на Инстаграм ставија крај на неколкунеделните шпекулациите за нивната венчавка.

Канадскиот пејач на почетокот од оваа недела на Инстаграм објави фотографија со 21-годишниот модел, на која се држат за раце, и напиша: „Мојата сопруга е феноменална“.

Болдвин потоа на Инстаграм го сменила презимето во Бибер.

Парот се сврши оваа година на Бахамите по едномесечна врска, пишува АП.

Хејли Болдвин е ќерка на американскиот актер Стивен Болдвин.

View this post on Instagram

My wife is awesome

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on