СЕХА: Вардар поразен на гостувањето кај Нексе


Ракометарите на Вардар вечерва беа поразени од Нексе со 24:21 (11:14) во меч од 17-тото коло на СЕХА лигата. За „црвено-црните“ ова беше втор пораз по ред во регионалната лига и четврти вкупно сезонава. Ова е и прв триумф на Нексе против Вардар по цели .пет години

Вардар имаше водство во текот на целото прво полувреме, а на полувреме замина со +3. Тимот на Роберто Парондо имаше водство од 17:20 во 46-тата минута но потоа следеше период од десетина минути без гол, кој доведе до пресврт и конечна победа за хрватскиот тим.

Халил Јагањац со шест гола беше најпрецизен кај победникот, a клучен за победата на Нексе се чини беше голманот Морено Цар, кој имаше вкупно 16 одбрани дел од нив кога се кршеше резултатот. Кај вардарци Мораеш, Чупиќ и Дибиров дадоа по три гола, додека Милосавлјев имаше 13 одбрани.

По поразот Вардар падна на третото место на табелата, со ист број на бодови како Нексе и ППД Загреб, но со послаба гол разлика.

Последниот дуел од групната фаза македонскиот тим го игра веќе во вторник, од 17, 15 часот против Извиѓач во БиХ.