Сер Мајкл Кејн прозборе за заработките во Холивуд: Бев помалку платен од Елизабет Тејлор и Џејн Фонда


 

САД – Славниот актер сер Мајкл Кејн (85) се идентификуваше како голем феминист и рече дека ги поддржува сите жени што се борат за поголема слобода и еднакви права.

„Работев со Елизабет Тејлор и ми плаќаа десет проценти помалку од неа. Никогаш не сфатив дека постои проблем со плата за двата пола и дека жените се обесправени. Работев со Џејн Фонда и со многу други, а сите актерки земаа или колку што ми плаќаа или уште повеќе. Затоа не бев свесен за тоа што се случува“, рече 84-годишниот актер.

„Жените сакаат повеќе слобода и јас се согласувам со нив. Јас сум голем феминист“, рече тој во врска со ова.

Кејн кој глумел во над 115 филмови е британска филмска икона. Во вториот брак со Индијката Шакира Блејк е од 1973 година. Ја имаат ќерката Наташа.