Серена Вилијамс како жена мачка се врати на теренот


САД– Серена Вилијамс едноставно ги поместува границите. По породилното отсуство, таа излезе на тенискиот терен и никој не можеше да поверува во тоа што гледа.

Серена се врати во стил, а тоа го докажа кога ја победи Кристина Плишкова, но покрај победата нејзината спортска комбинација предизвикала бројни коментари на социјалните мрежи.  Таа излезе во нешто во кое што до сега не сме ги виделе тенисерките на теренот.

Станува збор за специјално дизајниран комбинезон, изработка инспирирана според “Catwoman” од познатиот серијал “Batman”. И, секако Серена излезе како суперхерој на овој натпревар.

И самата тенисерка рекла дека во него се чувстувува многу комфорно, но дека за овој избор имала уште една добра причина. После породувањето имала проблеми со згрутчување на крвта па овој комбинезон ѝ овозможува да има подобра циркулација. Но, не е само здравјето во прашање.

“Ова е за сите мајки кои имале тешка бременост и кои морале да поминат низ буквално сè за повторно да изгледаат како претходно и повторно да веруваат во себе. Тоа го претставува мојата облека”, изјави Серена.