Села денес ќе сведочи за нападот врз него во Собранието


Лидерот на Алијанса за Албанците денес во Кривичниот суд треба да сведочи за насилството во Собранието од 27 април.

Тој ќе се соочи со напаѓачите кои се обвинети за обид за негово убиство. За делото убиство во обид, кривичниот законик предвидува затворска казна од 5 и повеќе години.

На претходното рочиште адвокатот на Зијадин Села побара отштета за својот клиент во висина од 30 милиони денари. Средствата што се бараат како отштета се за материјалните трошоци за лекувањето на Села, како и за претрпената физичка болка, повреда на личниот интегритет и за претрпен страв.