Седуммина се степале на новогодишната ноќ во Охрид


Седум лица учествувале во масовна тепачка што утрово се случила пред казино на улицата „Партизанска“ во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информираше дека во 4 часот и 30 минути било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со тепача од повеќе лица.

-По преземени мерки констатаирано е дека нарушувањето е извршено од лицата Н.Д.(18) и А.Ј.(52) од едната страна и Х.Л.(18), Д.В.(18), К.И.Л. (18), Д.В.(20) и А.К.(20) од другата страна, сите од Охрид. На лицата Н.Д. и Х.Л. им е укажана лекарска помош. Лицата се приведени во полициска станица и поднесени се соодветни поднесоци, изјави Димоски.

Освен ова нарушување на јавниот ред и мир, новогодишната ноќ поминала генерално мирно и за време на новогодишната ноќ не се случила ниту една сообраќајна незгода.