Седуммина македонски каратисти на „Дунав опен 2018“


Македонија ќе има свои седум учесници на европскиот фудокан карате куп „Дунав опен 2018“ пто од денеска до недела ќе се одржува во Виена, Австрија. Македонската репрезентација ќе ја сочинуваат Дејан Недев, Јадранка Недева, Емилија Јанчевска, Димитри Влахо, Иван Трпковски, Димитар Витанов и Дамјан Таневски. Натпреварите ќе се одржат според ИТКФ натпреварувачките правила во сите натпреварувачки дисциплини во традиционалното карате.

Пред почетокот на купот ќе се одржи и карате семинар со д-р. Илија Јорга 10 дан.