СДСМ: Пристојно е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон историското движење кое Македонија ја носи во НАТО и ЕУ


Пристојно е Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон историското движење кое Македонија ја носи во НАТО и ЕУ. Целиот демократски свет се обедини во поддршката на Македонија, во процесот на евроинтеграциите. Време е ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да не стојат настрана и да се приклучат. Се работи за иднината на Македонија, подвелуваат од СДСМ.

-Патриотски е да се обезбеди македонската иднина. ВМРО-ДПМНЕ 25 години тврди дека е за НАТО и ЕУ. Тогаш треба да го повика членството да излезе на референдумот на 30 септември и да гласа ЗА. Граѓаните се определени  „ЗА“ европска Македонија, стои во соопштението на СДСМ.