СДСМ: Кого лаже Мицкоски себе или своите?


Не постои поголемо погазување на медиумските слободи од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и затоа оваа партија е најмалку повикана да зборува за слободата на медиуми. ВМРО-ДПМНЕ може да зборува само за медиумскиот мрак што го создаде, се вели во соопштението на СДСМ.

„11 годишното режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено по апсењата, казните и физичките напади врз новинари, затворањето на медиуми, злоупотребата на полицијата за упади во телевизии, насилното исфрлање на медиумски работници од Собранието и директното мешање во уредувачките политики на медиумите и затоа денешната реакција не е ништо друго освен врв на лицемерие на опозициската партија“,стои во соопштението.

Според СДСМ токму поради таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон новинарите и медиумите, Македонија со години беше закотвена на дното во Европа по медиумски слободи.