СДСМ: Граѓаните се за светла иднина, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за референдумот


Граѓаните се за светла иднина, за членство во НАТО и ЕУ, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за референдумот и не кажуваат за што се Христијан Мицкоски да не се крие зад лажните вести што ги пласира неговата ВМРО-ДПМНЕ, туку да излезе пред граѓаните и да соопшти за што е.
Или е за светла иднина, напредок, членство во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет или за уназадување, криминал, изолација, враќање назад кон темно минато. Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ постојано зборуваше за референдум, а сега нема јасен став.
„Несериозно и неодговорно кон граѓаните и државата е да се нема јасен став за референдумот, за најважните прашање за иднината на државата. Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО. Граѓаните се определени за светла иднина наместо за небиднина“ стои во соопштението на СДСМ.
На референдумот на 30 септември граѓаните ќе изберат ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет од целиот свет. Да за македонската иднина.