СДСМ: Граѓаните сакаат во НАТО и ЕУ-идентитетот е обезбеден, Мицкоски да каже за што е


Фокусот на граѓание воопшто не е погрешен како што се обидува да тврди Мицкоски. Граѓаните се за светла иднина, за членство во НАТО и ЕУ, со зачуван и зајакнат македонски идентитет“, велат од владејачката партија СДСМ.
Социјалдемократите нагласуваат  дека во Член 1 од Договорот, стои дека државјанството е „македонско“ а официјален јазик е „Македонски јазик“. Појаснето е, додаваат од „Бихаќска“ и значењето на терминот „македонски„ кое нема на било кој начин да се поткопа, измени или влијае на употребата од страна на граѓаните.
„Македонски јазик, Македонци, Македонка, македонско оро, признаени од цел свет еднаш засекогаш“, велат од СДСМ и прашуваат зошто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христајан Мицкоски, му пречи тоа што македонскиот идентет ќе биде признаен од целиот свет.
„Мицкоски да не се крие зад лажните вести што секојдневно ги пласира ВМРО-ДПМНЕ, да излезе пред граѓаните и да соопшти за што е. Или е за светла иднина или темно минато. Или е за напредок, членство во НАТО и ЕУ или за уназадување, криминал, изолација, враќање назад. Граѓаните се определени. На референдумот на 30 септември граѓаните ќе изберат светла иднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет. Да за македонската иднина„, нагласуваат од СДСМ