СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се уште нема став за едно од најважните прашања во историјата на Македонија


ЕУ и НАТО значат владеење по правила, ред и закон, дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против тоа и затоа не се изјаснуваат за референдумот? На 40 денови до референдумот на кој граѓаните ќе одлучат за иднината, само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште немаат јасен став за едно од најважните прашања во историјата на независна Македонија, велат од СДСМ.
„Со членството на Македонија во ЕУ и НАТО влегуваме во сојузи кои функционираат според правила, ред, закон и прописи. Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против тоа и затоа не се изјаснуваат односно немаат јасен став за референдумот, за најважното прашање за иднината на Македонија?“, соопштија од партијата.
Граѓаните знаат дека придбивките и вредностите на ЕУ и НАТО се суштинска спротивност на криминалните и антидржавни практики што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од СДСМ.