СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи референдумот наместо да шири лажни обвинувања


ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи референдумот наместо да шири лажни обвинувања со кои го опишува нејзиниот однос кон администрацијата. Со денешните измислици и лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ всушност го опиша нејзиниот однос кон државна админстрација и злоупотребата на институциите за време на 11 годишното криминално и расипничко владеење, се вели во соопштението на СДСМ.
„Тоа време кога партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ не одеа на работа а добиваа плата и кога Македонија беше најкритикувана во однос на притисоци врз администрацијата е завршено. Со процесот на професионализација на администрацијата, инстиутуциите работат одговорно, отчетно и во интерес на граѓаните. Не треба и не смеат да се толерираат оние кои не ги извршуваат задачите, а секој кој не ги почитува законите треба да биде соодветно санкциониран. ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со неоснованите обвинувања и ширењето лажни вести во надеж дека ќе успее да собере ситни политички поени,  да се фокусира на клучната одлука пред којашто е исправена Македонија и да даде поддршка на влезот во ЕУ и НАТО, цели за кои ВМРО-ДПМНЕ тврди дека се нивен врвен интерес“, стои во соопштението на СДСМ.