СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го партизираше и злоупотребуваше МВР


Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто 11 години го партизираше и злоупотребуваше Министерството за внатрешни работи и го претвори во МВРО-ВМРО, денес да зборува за работата на полицијата, се вели во соопштението на СДСМ.

“Започнатиот процес на ослободување и реформа на институциите резултира со темелно департизирање на МВР, негова професионализација, зголемена ефикасност и постапување во интерес на законите и граѓаните. Полицијата денеска се гради како вистински пријател-заштитник на граѓаните. Зголемената транспаретност на МВР не може да се злоупотребува за искривување на фактите. Вистинската борба против криминалот и корупцијата ги дава резултатите, стапката на криминалитет, според објавените информации, се намалува”, стои во соопштението.