Светот пред револуционерно откритие: Пронајдена вакцина против рак


Револуционерна вакцина против рак, која напаѓа тумори низ целото тело влегува во фаза на тестирање врз луѓе, објави реномираниот магазин „Сајенс медисин“. Научници од Универзитетот Стенфорд тврдат дека само една инјекција поттикнува имунолошка реакција на организмот и се напаѓаат сите тумори кои евентуално метастазирале.

Тестирањето врз луѓе почнува откако тестирањето врз глувци, според научниците, поминало исклучително добро. Научниците им транспортирале тумори на лимфом на лабораториски глувци на две места во нивните тела. Инјекцијата на едно туморно место со двете компоненти предизвикала регресија не само на третираниот, туку и на вториот, нетретиран тумор. На овој начин 87 од 90 глувци се излекувани од рак. Туморот повторно се појавил кај три глувци, но е успешно излекуван по втората инјекција.

Истражувачите забележале слични резултати не само кај лимфонот, туку и кај глувци со тумор на дојка, на дебело црево и на кожа (меланом).
Ова е огромна надеж за милионите болни од рак низ светот. Особено откако резултатите покажале дека деведесет отсто од тестираните животни биле излекувани по само една инјекција, а останатите 10 отсто се излечиле по втората вакцина. Лекот дејствувал дури и кај глувци кај кои ракот се проширил низ целото тело.

Иако терапијата се нарекува вакцина против рак, разликата во однос на другите класични вакцини е што таа се става на луѓе што веќе се болни.
Лекот има две компоненти. Првата е кратка секвенца на ДНК која со соседни ближни имунолошки клетки засилува експресија на активациски рецептори на површина на Т-клетки кои се клучни во борбата на организмот против рак. Втората компонента е антитело што се поврзува со рецепторот, активира Т-клетки и напаѓа клетки на ракот. Бидејќи се вбризгува директно во туморот, лекот оспособува Т-клетки кои веќе препознаваат рак, бидејќи се во него.

Автор на истражувањето е Роналд Леви, професор по онкологија. Леви е пионер во областа имунотерапија на ракот. Познат е и по тоа што неговата лабораторија ја разви вообичаената хемотерапија.
– Напредокот на полето на имунотерапијата ја менува досега познатата медицинска пракса. Оваа вакцина покажа неверојатно дејство на глувци и ги отстрани сите тумори – изјави тој на промоцијата на резултатите од истражувањето.

Леви тврди дека новата вакцина не предизвикува штетни нуспојави кај пациентите кои често се појавуваат кај други видови имунолошки стимулации. Исто така, смета дека оваа вакцина ќе биде финансиски поисплатлива отколку сегашните третмани за болните од рак.
Планирано е лекот да се тестира врз 15 доброволни пациенти кои боледуваат од лимфоми. Доколку експериментот биде успешен, Леви тврди дека ќе може да се користи кај повеќе видови тумори и дека со тек на времето онколозите ќе им ставаат инјекции на болните пред операцијата за отстранување на туморот, за да се спречи можноста тој пак да се појави.