Сашко Коцев годинава ја напиша пораката за Светскиот ден на театарот


Македонскиот актер Сашко Коцев годинава ја напиша македонската порака за Светскиот ден на театарот (27 март). По повод денот на театарот во МНТ ќе има бесплатен влез за сите оние кои сакаат да ја проследат изведбата на претставата „Силјан штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.

Непосредно пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани македонската порака која оваа година ја напиша актерот Сашко Коцев. Освен оваа порака ќе бидат прочитани и делови од останатите пет светски пораки добиени од Македонскиот центар на ИТИ, одговорни за овој настан – Светскиот ден на театарот. Пораките ги напишаа: Сабина Берман – Писател, драмски автор, новинар од Мексико, Сајмон МекБарни – театарски и филмски режисер од Велика Британија, Маја Збиб – театарска режисерка, изведувач, писателка, коосновач на Театарската Куќа „Зукак“ од Либан, Рам Гопал Баџаџ – театарски режисер, театарски и филмски актер, академик, поранешен директор на Националната драмска школа, Делхи – Индија и ВереВере Лајкинг Гнепо – мултидисциплинарен уметник од Брегот на слоновата коска од Африка.

Претставата ќе се одигра од 21 часот.