Сателит сними светлосни експлозии во атмосфера


Ултравиолетовиот телескоп поставен 2016 година на рускиот сателит „Ломоносов“ забележа силни светлосни „експлозии3 во земјината атмосфера чија природа не е објаснета, вели директорот на Институтот за истражување на нуклеарна физика на московскиот државен универзитет, Михаил Панасјак.
„Со помош на телескопот успеавме да добиеме позначителни резултати отколку што очекувавме. Се чини дека наидовме на нови физички појави. Засега не знаеме каква е нивната физичка природа. На пример, за време на летот на „Ломоносов“ на височина од десетина километри неколкупати забележавме светлосна „експлозија“ со огромна јачина.  А под неа се беше чисто, немаше никакви молњи и облаци! Останува прашањето што го предизвика тоа“, објасни Панасијак.
Наведе дека целата атмосфера на Земјата сјаи со ултравиолетово зрачење, ок кои некое им се познати на научниците – тоа се огненици (електрични празнења во мезосферата и термосферата) и самовили (големи блесоци во горниот дел на облакот кој прави громови).
Вселенскиот брод „Ломоносов“ го произведе корпорацијата VNIIEM по налог на Московскиот државен универзитет. Сателитот во орбитата го однесе ракетата „Сојуз 2.1а“ во април 2016 година при лансирањето од космодромот „Восточни“.
„Ломоносов“ проучува светлосни појави што поминуваат (кратки блесоци) во горниот дел на земјината атмосфера и карактеристики на зрачењата на земјината магнетосфера.
Неговата тежина е 625 килограми. Сателитот е опремен со вселенски телескоп за мерење енергетски спектар и хемискиот состав на космичките зраци на екстремно големи енергии од орбитата во близина на Земјата. Освен тоа, во него се вградени инструменти за истражување на космички гама-зрачења и блиската земјина магнетосфера.