Сари: Најдобро е да се замине дури трае взаемната љубов


Наполи ремизираше со Торино (2:2), кој со овој резултат му овозможи на својот градски ривал Јувентус да дојде поблиску до новата шампионска титула.

Надежта на Наполи за титула сега е повеќе теоретска отколку реална, бидејќи на две кола пред крајот Јувентус има шест бодови повеќе и убедливо подобра гол разлика.

Тренерот на Наполи, Маурицио Сари поради ова најави дека е можно да се разделат со клубот.

–  Ако помислам на навивачите, тогаш би сакал да останам овде до крајот на животот без разлика на заканите или можеби желбата на претседателот на клубот да ме отпушти. Тоа е многу важна работа, но мора да мислите и на други работи. Ако ова мора да заврши, сакам Наполи да ми остане во убаво сеќавање целиот живот. Најдобро е да се замине дури трае взаемната љубов, отколку кога ќе дојдат тешките моменти, истакна Сари.

Тој во неговиот договор има откупна клаузула од осум милиони евра, а за неговата иднина во Наполи ќе биде одлучено по разговорите со претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис.

– Ако претседателот е задоволен со мојата работа, тогаш одлично. Но, ако не е – штета. Секогаш постои излезна стратегија за двете страни. Ако ме повика со задоволство ќе одам да разговарам со него, наведе тренерот на Наполи.

Во италијанските медиуми веќе се појавија гласини за наводен наследник на Сари, притоа се споменуваат имиња како Карло Анчелоти и Антонио Конте, но и тренерот на Сампдорија, Марко Џампаоло.