Сари: Азар сè уште не одлучил за својата иднина


Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, рече дека Еден Азар се уште не одлучил за неговата иднина.

Договорот на белгискиот фудбалер со англискиот клуб истекува во 2020 година, но тој во оваа фаза ги отфрла нивните предлози за негово продолжување.

Азар не ја крие желбата да се пресели во Реал Мадрид.

– Тој сè уште не одлучил дали ќе остане со нас или ќе побара нов предизвик во друг клуб. Не сум свесен за ситуацијата, но мислам дека Еден сè уште не одлучил за својата иднина. Еден рече дека тренерите постојано му кажуваат дека може да прави повеќе и бараат повеќе од него. Мислам дека треба да стори повеќе бидејќи неговиот потенцијал е поголем од она што го покажува, изјави Италијанецот.