Самсунг дава 5 години гаранција на одбрани „UHD“ и „QLED“ телевизори


Компанијата Самсунг подготви нови промотивни активности и тоа во период од 1 oктомври до 31 декември 2018 година, сите оние кои ќе купат Самсунг „UHD“ или „QLED“ ТВ уред од серијата „Н“ (“N”) од 2018 година ќе добијат 5 години гаранција.

Исто така, покрај оваа гаранција, Самсунг овозможува и дополнителна гаранција од 10 години во случај на ефект на „прегорување“ (“burn-in“ ефект) за сите „QLED“ ТВ модели.
За да може да ја искористат оваа поволност, корисниците треба да го регистрираат купениот уред на веб страната www.samsung5godinigarancija.mk на која може да ја погледнат и листата на уреди опфатени со оваа промоција.

За дополнителни информации сите заинтересирани може да се јават во Центарот за грижа за корисници на Самсунг на телефонскиот број: (+389) 23 207 777.
Компанијата Самсунг повеќе од 13 години е светски лидер во производството на ТВ уреди, благодарение на исклучителниот квалитет на сликата, одличниот контраст како и напредните можности на СМАРТ ТВ платформата, за кои Компанијата е наградена со голем број признанија од медиумите.

Промотивниот период важи до крајот на годинава