Самоопределување ќе бара оценка на уставноста на демаркацијата


Косовоското опозициско движење Самоопределување одлучи да побара оценка на уставноста на Законот за ратификација на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што беше усвоен вчера во косовскиот Парламент, соопшти пратеничката на оваа партија Албулена Хаџиу.

Според неа, Самоопределување следната недела ќе побара од Уставниот суд на Косово да се поризнесе за уставноста на Законот.

– Ние одлучивме Законот да го испратиме на оценка до Уставнот суд, работиме на тоа. Ние ќе го направиме тоа во рок од осум дена од денот на неговото донесување, како што е предвидено со Уставот, изјави Хаџиу.

Таа тврди дека Законот во многу аспекти не во согласност со Уставот, а особено кога станува збор за „повреда на територијата на Косово“.

Косовскиот законодавен дом синоќа по повеќе обиди го ратификува Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, на што се спротвствуваше Самоопределување, чии пратеници ја попречуваа постапката со активирање на солзавец во собраниската сала во четри наврати.

Откако 13 од 19-те пратеници на Самоопределување беа отстранети од Собранието, од кои седум се уапсени и се во притвор, Парламентот со 80 гласови ја ратификуваше демаркацијата, со пресуднот глас на Адем Хоџа,од Еднствената горанска партија, кој е дел од парламентарната група на Српска листа, чии останати пратеници на присурствуваа на седнцата.

Владејачкото мнозинство тврдеше дека демаркацијата е во интерес на граѓаните на Косово и дека по ратификацијата на Приштина ќе и се добие визна либерализација, додека Самоопределување уверуваше дека „демаркацијата е предавство“, бидејќи на Црна Гора и се отстапува 8.200 хектари територија и оти таа не е единствениот услов за укинување на визниот режим.

Ваквото укажување на Самоопределување денеска го потврди и Канцеларијата на ЕУ во Приштина, која упатувајќи честитки до пратениците за ратификација на демаркација, порачаа дека следниот чекор кон визната либерализација е ефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал.