Самит на Арапската лига: Ријад бара осуда на „бесрамното мешање“ на Иран


Саудискиот крал Салман денеска на отворањето на Самитот на Арапската лига во градот Дахран, побара осуда на „бесрамното мешање на Иран во арапските работи“.

– Ја повторуваме нашата цврста осуда на терористичките акти извршени од страна на Иран во арапскиот регион и го отфрламе бесрамното мешење во работите на арапските држави, нагласи кралот Салман во воведното обраќње на 29-от Самит на Арапската лига.

Салман при тоа ја осуди и одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерсуалим за главен град на Израел.

– Источен Ерусалим е неодвоив дел од палестинските територии, нагласи саудискиот крал, додавакќи дека Лигата останува „непоколеблива во поддршката на Палестинците“.

Ваквата порака на Салман доаѓе во време на зголемен број информации за контакти меѓу Саудиска Арабија и Израел во справувањето со нивниот „заеднички непријател“ во регионот – Иран.

Генералниот секретар на Арапскат лига, Ахмед Абул Геит, пак, повика на единство меѓу арапските земји во соочувањето со надворешните предизвици.

– Внатрешните поделби во арапскиот свет се главна причина за засилените мешање во нашите работи, потенцира Геит,

Според најавите, главни теми на Самитот на Арапската лига ќе бидат односите со Иран и конфликтите во Сирија и Јемен.

На Самитот во саудискиот град Дахран не учествуваат Катар, кого пред една година Саудиска Арабија и нејзините сојузници го обвинија за поддршка на тероризмот и исламскиот екстремизам, како и Сирија, чие членство во орагнизацијата е замрзнато од 2011 година поради внатрешниот конфликт во кој Дамаск ја имаа поддршката на Иран, а повеќето арапски земји ги поддржуваат бунтовниците.