Самарџиски е МВП на колото во АБА 2 лигата


Кошаркарот на МЗТ Скопје, Предраг Самарџиски беше прогласен за најдобар играч во последното коло од регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата.

Поранешниот македонски репрезентативец имаше одличен настап во дуелот со сараевски Спарс, откако го заврши мечот со вкупно 39 индекс-поени, односно 26 поени, 14 скокови, 4 асистенции, три украдени топки и три блокади.

Самарџиски беше втор стрелец на 22 коло на регионалната лига, како и најдобар скокач.

МЗТ регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата го заврши на третото место на табелата зад Приморска и Спарс и го очекува настап на фајнал-фор турнирот за влез во елитното друштво на АБА лигата.