САД: Русите не се повлекуваат од Сирија
САД соопштија дека не забележале значително повлекување на руските трупи од Сирија, и покрај тоа што рускиот претседател Владимир Путин објави дека ќе се повлечат.
– Немаше значително намалување на бројот на војниците откако Русија објави дека ќе се повлече од Сирија – изјави портпаролот на Пентагон, мајор Ејриан Ренкајн-Геловеј.