САД, ЕУ и Јапонија најавија соработка во трговската војна против Кина


САД– САД, Европската унија и Јапонија најавија соработка во борбата против нефер трговските постапки на други големи држави – при што првенствено се очекува соработката да биде насочена против Кина.

Тоа беше договорено на средба на трговскиот претставник на САД Роберт Лајтхајзер со европската комесарка за трговија Сесилија Малстром и јапонскиот министер за економија Хирошиге Секо.

– Повторно беше изразено нашето незадоволство и се потврди заедничката посветеност на борбата за фер трговски пракси и запирање на нелојалната конкуренција, соопштија тројцата претставници.

САД отпочнаа трговска војна чија главна цел е Кина, со воведувањето царини за увоз на челик и алуминиум, на што Кина одговори со царини за американски земојделски и други производи. Трите земји индиректно ја осудија Кина и за праксата на крадење интелектуална сопственост – пред се патенти на компаниите од технолошката индустрија.