САД ги бомбардираше Талибанците со „невидлив авион“


Американската војска вчера првпат во борба го употреби својот нов „недвидлив“ авион Ф-35. Најмалку еден од тие нови летала што се сметаат за драгоценост на технологијата, полета од амфибискиот број УСС Есекс и ги бомбардираше талибанските цели во авганистанската покраина Кандахар, соопшти неименуван американски функционер.

„Нападот успеа“, додаде тој.

Станува збор за авион Ф-35Б на американската војна морнарица, кој полетува за многу кратко време и вертикално се спушта. Во мај годинава, Израел соопшти дека е првата земја што го користи овој авион во борба.

Лансиран во почетокот на 90-тите години од минатиот век, Ф-35 е најскап од програмата за вооружување во американската воена историја и чини околу 400 милијарди долари. Целта на Пентагон е во наредните децении да произведе околу 2.500 вакви авиони. До 2070 година, планирано е да се платат 1.500 милијарди долари.

Поборниците на авионот ја фалата неговата „невидлива“ технологија што му овозможува да им побегне на радарите, нивната надзвучна брзина, агилност и разни колектори, кои на пилотот му овозможуваат бројни информации.

Минатата година, педесетина Ф-35 не се поместуваа од воздушната база во Аризона поради проблеми со кисикот.