Рјабков: САД целосно да се повлечат од Сирија


Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков  денеска изјави дека САД треба целосно да се повлечат од Сирија.

– Ние инсистираме САД да го исполнат своето ветување и целосно да се повлечат од Сирија, посочи Рјабков.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 19 декември минатата година нареди целосно повлекување на американските војници од Сирија, тврдејќи дека е поразена екстремистичката група Исламска држава.

Во моментот во Сирија има околу 2.000 американски војници. Според американски претставници, повлекувањето би траело од 60 до 100 дена.