Руски патнички авион принудно слетал во Баку поради сомнеж за подметната бомба


Патнички авион на руската авикомпанија „Урал Ерлајнс“ на лет од Доха до Москва, денеска принудно слета на аеродромот во азербејџанскиот главен град Баку, поради сомнеж дека во леталото е поставена бомба.

Како што соопшти Управата на аеродромот во Баку, авионот го извршил принудното слетување, откако членовите на екипажот се посомневале дека е можно во леталото да е поставена бомба.

Во авионот имало 225 патници и членови на екипажот.

Во тек е проверка на леталото, се наведува во соопштението на аеродормската прес-служба.