Руски бомбардери над Јапонско Море, Токио испрати свои пресретнувачи


Руски бомбардери, кои се способни да носат нуклеарно оружје, извршија денеска тренинг лет над Јапонско Море.

Поради тоа властите во Токио испратија јапонски авиони за пресретнување, соопшти руското Министерство за одбрана.

– Јапонски борбени авиони ги следеа руските бомбардери во еден дел од нивниот лет кој траеше повеќе од 15 часови и извршен е над Охотско Море и источниот дел на Тихиот Океан, објави руското Министерство.

Министерството наведува дека станува збор за два бомбардера „Тупољев-95МС“, кои во текот на тренинг летот биле придружувани од руски борбени авиони „Сухој-35С“.