Русија ќе протера 60 американски дипломати
Русија одлучи да го затвори конзулатот на САД во Санкт Петербург и ќе протера 60 американски дипломати, изјави денеска министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Лавров нагласи дека американскиот амбасадор во Русија бил „информиран за мерките“ додавајќи дека „бројката на протерани е иста како и на САД“.
– Наша мерка ќе биде и укинување на дозволата за работа на американскиот Конзулат во Санкт Петербург, изјави Лавров.
Вашингтон претходно, протера 60 руски дипломати и го затвори рускиот Конузлат во Сиетл.