Русија со 169 спортисти на ЗОИ во Пјонгчанг


Олимпискиот комитет на Русија објави дека на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг треба да настапат 169 руски спортисти.

Меѓутоа, „поканетите спортисти“ сами ќе треба да решат дали ќе учествуваат на ЗОИ, наведе Комитетот.

Русија има забрана за настап на Олимпијадата поради допинг скандалите, па спортистите од оваа држава ќе се натпреваруваат под олимпиското знаме.

Меѓународната асоцијација на зимските олимписки спортови со писмо се обрати до Меѓунардониот олимписки комитет (ИОК) барајќи објаснување зошто сите спортисти од Русија не добиле покани. Ова писмо е потпишано од сите членки на асоцијацијата.

ИОК соопшти дека навивачите на натпреварите ќе можат да имаат руски знамиња и дека тоа не може да им се забрани.

Руската делегација на ЗОИ ќе брои 340 луѓе.