Русија сака да им помогне на настраданите во поплавите во Грција


Руското Министерство за вонредни ситуации е подготвено да и укаже помош на Грција за надминувањето на последиците од катастрофалните поплави во кои загинаа 15 лица.

Министерот Владимир Пучков испрати телеграма на грчкиот министер за внатрешни работи, Панос Скурлетис, во која изрази сочувство за смртта на луѓето и подготвеност да помогне со сили и средства за отстранување на последиците од природната катастрофа.

Од почетокот на неделата Грција е погодена од ураганот Евридика, што предизвика поплави при што загинаа 15 луѓе во областа на Атика во близина на грчката престолнина Атина.

Премиерот Алексис Ципрас вчера објави национална жалост во спомен на жртвите, а во некои делови на Грција беше прогласена и вонредна состојба.