Русија гради ограда меѓу Крим и Украина, ќе чини над 3 милиони долари
Русија почна со изградба на ограда на границата помеѓу Крим и Украина. Предвидено е оградата да е висока два метра и долга 50 километри, а ќе биде завршена во првата половина од 2018 година.
– Оградата ќе чини 3,3 милиони долари и има за цел да ја зголеми безбедноста на жителите на Крим и странските туристи, се посочува во соопштението на руската Федерална служба за безбедност (ФСС).
Меѓу Крим, кој во 2014 година беше анектиран од Русија, и украинската Херсонска Област има три официјални премини.
Украина во 2014 година најави дека ќе изгради ограда на источната граница со Русија, долга 2.000 километри, но досега се изградени само неколку десетици километри.