Румениге останува во Баерн до 2021 година


Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге го продолжил договорот до 2021 година или за уште две полни години. Баварскиот гигант објави дека двете страни потпишале продолжување на договорот, кој бил до 31 декември 2019 година.

Претседателот на Надзорниот одбор на клубот, Ули Хенес најави дека Румениге се докажал себеси како вистинскиот човек за работата што ја врши.

– Во последните 16 години Румениге импресивно ги демонстрира своите квалитети и ние сме сигурни дека тој е човекот кој ќе донесе уште успеси во претстојните сезони. Карл-Хајнц не пренесе низ многу тешкотии и пречки и не направи шампиони толку многу години по ред, изјави Хенес.

Самиот тој е доста критикуван, но веројатно ќе ја задржи својата позиција за уште четири години.

Румениге е на челното место од 2002 година, по единаесет години како заменик Како фудбалер тој има 10 сезони кај баварците, кои го купуваат од Борусија Менхенгладбах. Со своите 162 гола тој е втор најдобар стрелец во историјата по Герд Милер, а за репрезентацијата има 95 натпревари.

– Ние направивме еден сталибен Баерн, кој од гледна точка на спортот и финансиите е сериозна сила во Европа. Најважната цел пред нас сега е да останеме во групата на најуспешни европски екипи и да се придвижиме уште повисоко кај фаворитите во Лигата на шампионите, рече Румениге.

Во последниве месеци, се шпекулираше дека еден од Хенес или Румениге ќе ја напушти својата позиција и дека Оливер Кан може да влезе во раководствотона клубот. Поранешниот репрезентативен голман се сметаше за претставник на новата генерација лидери, иако во оваа област нема сериозно искуство.