РПЦ: Во Украина ќе избијат протести ако се признае независноста на Украинската патријаршија


Руската православна црква (РПЦ) денеска предупреди дека во Украина можат да избијат протести ако Вселенскиот патријарх ја признае Украинската патријаршија за независна од Москва.

Митрополитот Иларион, кој го води одделот за надворешни работи во Москвовската патријаршија, предупреди дека ако украинските власти дозволат конфискување на православните цркви од автокефалната црква, луѓето ќе излезат на улиците за да ги заштитат своите светилишта.

– Веќе гледаме дека во Украина се конфискуваат православни храмови и верниците се подготвуваат да ги заштитат. Можеме само да претпоставиме што ќе се случи ако конфискувањето биде официјално одобрено од властите. Луѓето, ќе ги бранат своите светилишта, рече митрополитот.

Во Украина сега има две цркви – една поврзана со Москва, а друга – со Патријаршијата во Киев.

Киевската Патријаршија се прогласи за независна во 1992 година кога Украина се осамостои и не е призната од ниту една православна црква во светот.