Рочиштето за „Шамарите од Цeнтaр“ против Димче Крстев одложен за 15 јуни


Одвоената постапка за предметот на СЈО „Шамарите од Цeнтaр“ против Димче Крстев се одложи за 15 јуни.

По барање на адвикатот на Крстев, Дончо Наков, а во согласност од обвинителите на СЈО, судечкиот совет денешното рочиште го одложи поради повреди кои обвинетиот ги добил при напад од непознати лица од пред неколку дена за кои тој пријавил и во полиција.

Крстев беше регистриран и од камерите од настаните од 27 април во Собранието на република Македонија.