Роналдо стана првиот човек на светот со 150 милиони следбеници на Инстаграм


Бројот на следбеници на ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо на Инстаграм достигна 150 милиони. Триесет и тригодишниот Португалец стана првиот човек кој ја надмина оваа граница.

На второто место е популарната пејачка Селена Гомез (144,5 милиони), додека третата позиција е за Ариана Гранде (141,3 милиони).

Меѓу фудбалерите, повеќе од 100 милиони луѓе се следбеници и на напаѓачот на ПСЖ Нејмар (108,9 милиони), како и напаѓачот на Барселона, Лионел Меси (105,1 милиони).

Оваа сезона, Роналдо одигра 24 натпревари за Јувентус, постигна 15 гола и оствари седум асистенции.