Роналдо по петти пат ја освои Златната топка


ФРАНЦИЈА- Португалецот Кристијано Роналдо по петти пат стана добитник на Златната топка која ја доделува угледниот France Football. Овој француски магазин наградата за најдобар фудбалер на светот ја доделува уште од далечната 1956 година, а Роналдо се изедначи со Лионел Меси на врвот по бројот на освоени награди, па сега и двајцата имаат по пет Златни топки.Португалецот и Аргентинецот заедно ги освоија последните десет награди на France Football.

Роналдо за најдобар фудбалер на светот во 2017 година беше избран од страна на 173 новинари ширум планетата.Порано ја освојуваше оваа награда во 2008, 2013, 2014 и 2016 година. Во октомври ФИФА по петти пат го прогласи Роналдо за најдобар фудбалер на светот.