Роналдо помотивиран од било кога: Оваа сезона е фантастична, подгответе се за голем кам-бек


Кристијано Роналдо е полн со голема самодоверба во пресрет на реванш осминафиналето од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид утревечер од 21 часот, иако е свесен колку тешка задача го очекува неговата екипа.

Навивачите на „Старата дама“ беа разочарани по поразот во првиот меч (0:2), но Португалецот им порача дека имаат прична да веруваат во успех.

„Овој тим, според моето мислење има фантастична сезона. На врвот сме на табелата со 16 бода предност и среќни сме како оди сето тоа. Го освоивме Суперкупот на Италија против Милан, сега цел ни е првенството и секако Лигата на шампионите. Мислам дека сме добри, полни со самодоверба, веруваме. Сакаме тоа да биде специјална вечер“, изјави Роналдо.

Но, Јувентус треба да надомести два гола негатива од првиот меч.

„Сакам да им порачам на навивачите да размислуваат позитивно, да веруваат. Тоа е изводливо, потребна ни е помош да го направиме овој стадион преубав, сите заедно. Ние ќе ја одработиме нашата работа на теренот, ќе се обидеме да постигнеме голови и да победиме на натпреварот, но потребна ни е помошта на навивачите. Бидете подготвени за голем кам-бек“, порача Роналдо.