Роналдо плати казна од 13,5 милиони евра за затајување на данок во Шпанија


Фудбалерот Кристијано Роналдо ја плати казната од 13,5 милиони евра во Шпанија што му беше изречена поради затајување на данок.

Претходно, тој беше осуден на условна казна затвор од две години и требаше да плати казна од 18,8 милиони евра.

Роналдо го призна делото, a неговиот адвокатски тим досега не можеше да постигне спогодба со даночните власти околку висината на обештетувањето што требаше да го плати кон државата Шпанија.

Шпанските даночни власти го обвинија фудбалерот за затајување данок во вкупна висина од 14,7 милиони евра во периодот од 2011 до 2014 година.

Пред неколку години и фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, во сличен ваков процес мораше да плати казна од 15 милиони евра