Роналдо има потреба од 4 гола до крајот на 2018-та, за да продолжи неговата супер серија


Кристијано Роналдо има потреба од 4 гола во следните 3 натпревари на Јувентус, за да продолжи серијата од по минимум 50 погодоци на година. Тој внесува барем 50 гола од 2011 година наваму.

Откако се приклучи на тимот на „бјанконерите“, Роналдо реализирал 12 погодоци во сите натпреварувања (11 во Серија „А“ и 1 во Лигата на Шампионите). Во моментов тој има 46 гола во 2018 година, а 34 од нив се во дресовите на Реал Мадрид и Португалија.

За да продолжи серијата, напаѓачот треба да постигне погодоци против Рома, Аталанта и Сампдорија.

Лионел Меси и Герд Милер се единствените други двајца, кои постигнувале барем 50 гола во две последователни календарски години. Самиот Меси веќе има реализирано 50 гола за Барселона и Аргентина во 2018 година.

По трансферот од Реал Мадрид во Јуве за 117 милиони евра во текот на летото, Роналдо не успеа да ги затресе мрежите на своите ривали во првите 3 дуели во Серија „А“.

Но сега веќе е еден од лидерите кај голгетерите во шампионатот со 11 гола (12 има напаѓачот на Џенова Кжиштоф Понтек). Кристијано постигна и еден гол на поранешниот клуб Манчестер Јунајтед (1:2) во Лигата на Шампионите.

Врвот на мегаѕвезда беше во 2013 година, кога забележа 69 гола за Реал и Португалија во рамките на 12 месеци.

Головите на Роналдо во последните календарски години:

2011 година – 60 гола

2012 – 63 гола

2013 година – 69 гола

2014 година – 61 гола

2015 година – 57 гола

2016 година – 55 гола

2017 година – 53 гола.