Рома го бара Адеми


Италијанскиот гигант Рома е заинтересирана во своите редови да го донесе македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми. Според хрватските медиуми, тимот од Рим сака да го доведе капитенот на Динамо Загреб уште во овој зимски преоден рок.

Хрватскиот шампион веќе се изјасни оти нема да му прават проблем на 28-годишниот фудбалер да си замине ако има таква жалба и нема да го кочат доколку сака да направи трансфер во странство.

Досега, Адеми ги одби милионските понуди на Лил и на Славен Билиќ да го однесе во Саудиска Арабија.