Роза Топузовска – Каревска доби отпремнина поради заминување во пензија


Петмина од осум членови на ДИК кои поднесоа оставки ќе одат на апанажа, одлучи денеска собраниската Комисија за избори и именување. Апанажа во траење од една година добија поранешниот птретседател на ДИК, Александар Чикаковски, членовите од СДСМ Виолета Дума (иако исполнува услови за бензија) и Игор Милев, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Субхи Јакупи од ДУИ. Другите тројца членови што поднесоа оставки се враќаат на старите работни места.

Поранешната пратеничка на ЛДП Роза Топузовска Каревска доби отпремнина од Собранието заради заминување во пензија.

Комисијата му ја прекина апанажата на Павле Трајанов поради назначување на друга функција, а апанажа добија и Дејан Бошковски кој беше разрешен од Комисијата за енергетика, Тања Таневска поранешен државен ревизор и Власта Димковиќ доскорешен Заменик министер за земјоделство.