Робен и Рибери ги продолжија договорите со Баерн


Фудбалерите на Берн, Франк Рибери и Ариен Робен, ги продолжија договорите со минхенскиот клуб и ќе останат на „Алијанц Арена“ уште една година – до летото 2019 година, објави Билд.
Пред неколку дена, откако баварците ја освоија шестата последователна титула во Бундеслигата, Карл-Хајнц Румениге најави дека Робен и Рибери ќе добијат предлози за нови договори.

Двајцата се соодветно на 34 и 35 години, но тоа не ги спречи да одиграат вкупно 64 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.
Рибери е дел од Баерн од 2007-та, додека Робен се приклучи на клубот две години потоа. До моментов Французинот има 382 натпревари и 117 голови за баварците, додека Холанѓанецот има 286 дуели и 138 погодоци.