Ријана раскина со милионерот Хасан


Пејачката од Барбадос ја раскина врската со Хасан Џамал, богатиот бизнисмен од Саудиска Арабија, пренесуваат странските медиуми. Ријана наводно решила да стави крај на врската бидејќи милијардерот ѝ здодеал.

– Ријана и Хасан беа заедно извесно време. Врската беше добра, но сега е готово. Секако, Ријана му го скрши срцето. Ништо не се случи, не се караа, само што на Ријана ѝ здодеа да биде во врска со него. Понекогаш мажите и стануваат здодевни – рекол добро информиран извор.

Семејството на Хасан го води претставништвото за автомобили „Тојота“, а тој е претседател на семејниот бизнис „Абдул Латиф Џамал“.