Ријана му забрани на Трамп да пушта нејзини песни


САД– Поп- ѕвездата Ријана се смести на листата на музичари кои го предупредија американскиот претседател Доналд Трамп да не ја злоупотребува нивната музика за неговата републиканска кампања.

Таа го демантираше уредникот на Вашингтон Пост, Филип Ракер кој напишал дека на собирите на Трамп се пушта нејзината песна “Don’t Stop The Music”, пренесува Индепендент.

Во одговорот, кој Ријана го објави на Твитер напиша:

“Не уште многу долго, јас и мојот народ никогаш не би биле на еден од овие трагични собири”, заблагодарувајќи му се на новинарот кој извести за тоа.

Претходно, ваква молба, упати и семејството на починатиот Принс, чии песни се употребуваат на собирите на американскиот претседател.