Ријана доби улица на Барбадос


САД- Поп-ѕвездата Ријана (29)  беше почестена во Бриџтаун, Барбадос, откако улицата на која израсна беше преименувана со нејзиното име.
Пејачката никогаш не изгледала повпечатливо и погордо во жолт Хелеси фустан-маица кој ги открива нејзините рамена. Претставниците изјавија минатиот месец дека ја планираат промената на името на улицата Вестбери Њу Роуд во главниот град на Барбадос во чест на Греми добитничката.Ријана прослави и на Инстаграм и сподели фотографија од новиот сообраќаен знак.
„Во сите маала,“ напиша таа под фотографијата, пред да се наврати на нејзиното детство во Барбадос.