Ривер е нов шампион на Јужна Америка


Ривер Плејт го освои својот четврти трофеј во Копа Либертадорес, откако со 3-1 го победи градскиот ривал Бока Јуниорс во реванш финалниот натпревар што се одигра во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Првата средба се играше во аргентинската престолнина и заврши 2-2, а пак реваншот на кој вечерва беше домаќин Мадрид заврши со 3-1 за Ривер по дополнителните 30 минути.

Дарио Бенедето погоди за водство на Бока од 1-0 во 44. минута од средбата, но во второто полувреме, во 68. минута Лукас Прато израмни на 1-1, по што мораше да се играат продолженија.

Во 109 минута, Кинтеро го доведе во предност Ривер Плејт, победа која во 122 минута ја потврди Мартинез.