Ривалитетот на гигантските авио-производители доведе до одлука која чинеше стотици животи
По уште едниот катастрофален пад на нивниот најпродаван модел, компанијата „Боинг“ се најде во големи проблеми.
Голем број авиокомпании одлучија да ги приземјат авионите од тимот Боинг 737 Макс 8, а компанијата беше приморана да направи измени во софтверот со цел леталата да ги направи побезбедни.
Набрзо откако се урна авионот на „Етиопијан ерлјанс“, акциите на „Боинг“ драстично паднаа.
Но, како компанијата можела да направи така големи пропусти поради кои настрадаа голем број на луѓе?
Сѐ се сведува на бизнис стратегијата, наведува анализата на сајтот „Слејт“ (The Slate). Американскиот „Боинг“ веќе со години е лут ривал на европскиот „Ербас“. Двете компании во суштина го делат пазарот вреден 200 милијарди долари. Најголемиот дел од тој пазар се однесува на линиските авиони со тесен труп со краток и среден долет, со кои обично се превезуваат помеѓу 100 и 200 патници.
Боинг 737 за првпат полета во 1967 година, и иако во текот на годините се појавија различни подобрувања, во срцето тоа и понатаму е летало од поствоениот период. Наместо компјутерски систем за контрола на летот, кој електронски управуваат со летот на авионот, овие авиони имаат старомодни механички погони, леталата се направени од алуминиум, а не од модерни компактни материјали.
Авионите А320 на Ербас, во меѓувреме, полетаа две децении подоцна, но со понапредна технологија. Во 2014 година Ербас го претстави својот најнов модел А320нео, со мотори кои би требало да бидат 15 проценти поефикасни при трошењето на горивото за разлика од претходниот модел.
Со цел да го задржи своето водство, Боинг мораше и самиот да воведе некои промени. Имаше две опции: или во целост да го измени дизајнот на 737 или да го сочува неговото потекло и да го „изгланца“. Бидејќи првата опција би била многу посакапа, решија само да го надоградат последниот модел. Му ставија нови мотори кои би требало да обезбедат 20 проценти поефикасно трошење на горивото. Меѓутоа, со оглед на тоа дека тие мотори се со поголем пречник, инженерите на Боинг мораа да го променат местото каде трупот на авионот се спојува со крилата. Тоа пак, влијаеше на начинот на управување со овој авион.
Она што е најалармантно е фактот дека така е создадена тенденција на навионот да го крева носот нагоре, што би можело да резултира со опасен застој. Со цел да се спречи запирање на авионот, Боинг воведе нов автопилотски систем кој би го турнал носот на авионот надолу ако системот покаже дека тој е под превисок агол.
Според прелиминарните извештаи за несреќата на авионот Боинг 737 Макс 8 на авиокомпанијата „Лајон Ер“ во која загинаа сите 189 патници, тој систем би можел да биде главен виновник. При полетувањето се активирал системот на автопилотот поради неточно исчитани податоци, а пилотите не можеле да ја повратат контролата над леталото.
Автоматизираните системи можат да ги спречуваат оние видови несреќи кои произлегуваат од човечка беспомошност или невнимание, но тие инхерентно придонесуваат за сложеност на системот. Кога самите системи ќе погрешат, можат да ги изненадат неподготвените пилоти. Тоа може да биде опасно, особено во ситуации на висок стрес.
Ако Боинг направеше сосема нов дизајн, можеби до вакво нешто немаше да дојде. Компанијата можела да дизајнира скелет на авионот кој подобро би одговарал со новите мотори, така што би се избегнала тенденцијата за кревање на носот на авионот.