Ривалдо го советува Нејмар: Бегај од ПСЖ!


Во кратко интервју што го даде за „Газета“ Ривалдо, еден од лидерите на последната генерација на „кариоките“, кои го освоија Светското првенсто, смета дека најдобриот играч на Бразил Нејмар треба да го напушти Пари Сен Жермен.

– Ако не си замине, никогаш нема да освои нешто значајно, изјави Ривалдо.

Под „значајно“, поранешниот бразилски репрезентативец мисли на Лигата на шампионите.

– ЛШ е најважното и најсилно натпреварување. Француската лига е многу послаба од шпанската Примера и англиската Премиер лигa, додава Ривалдо.

Од него, исто така, беше побарано да предвиди кој ќе го освои Мундијалот во Русија, а тој без размислување одговорил: „Бразил е мојот фаворит“.